Што е Естетска Стоматологија?
Естетска стоматологија е гранка од забната медицина која се занимава со подобрување на изгледот на забите и насмевката. За разлика од редовната стоматологија која се фокусира на здравјето на забите, естетската стоматологија се занимава и со тоа како забите изгледаат, дали се бели, рамни и правилно наредени.
Постојат различни процедури кои спаѓаат во оваа гранка. Белењето на забите е една од најбараните, но исто така постојат фасети, односно тенки лушпи кои се лепат на предната страна на забот и го менуваат неговата форма и боја. Покрај тоа, со естетска стоматологија може да се поправат скршени, искривени или нерамни заби.
Естетска стоматологија не е само за убавина, кај многу луѓе поправањето на насмевката влијае и на самодовербата и на тоа како се чувствуваат секојдневно. Резултатите зависат од состојбата на забите и од избраната процедура, но со добра нега можат да траат со години.
Повеќе
За Естетска Стоматологија.
Како можеме да ви помогниме?
Доколку имате какви било стоматолошки проблеми или прашања, нашиот тим е тука за вас. Закажете термин денес и направете го првиот чекор кон здрава насмевка.
