Што е Протетика?
Протетика е гранка од забната медицина која се занимава со замена на изгубени или оштетени заби со вештачки решенија. Кога некој нема еден, неколку или сите заби, протетичарот изработува и поставува замена која ги враќа и функцијата и изгледот на насмевката.
Постојат неколку видови на протетски решенија. Мостовите се фиксни замени кои се прицврстуваат на соседните заби, додека протезите можат да бидат подвижни и да се вадат. Покрај тоа, круните се користат кога забот е многу оштетен но сè уште постои, и го покриваат и го штитат она што останало.
Протетиката е важна не само заради изгледот, туку и заради здравјето. Кога недостасуваат заби, останатите заби почнуваат да се поместуваат, јадењето станува потешко и коската на вилицата може да се намали со текот на времето. Со правилно протетско решение, сите овие проблеми можат да се избегнат.
Читај Повеќе
На тема Протетика.
Како можеме да ви помогниме?
Доколку имате какви било стоматолошки проблеми или прашања, нашиот тим е тука за вас. Закажете термин денес и направете го првиот чекор кон здрава насмевка.
