По Вградување на Имплантите

По Вградување на Имплантите

Постоперативна нега

Одма после постапката пациентот добива антибиотик, анелгетик, мраз а по потреба и лекови против воспаление, па е возможно нормално да функционира, а следниот ден е во состојба комплетно да ги извршува секојдневните обврски. Процесот на остеоинтеграција зависи од комплексноста на и видот на имплантирање, како и од состојбата на коската. Пациентот треба да ги следи инструкциите дадени од оралниот хирург во поглед на исхраната и оралната хигиена.

ВАЖНО!!!

После имплантирањето потребна е 2 пати годишно посета кај оралниот хирург за контрола на состојбата. Отфрлање на имплантите е ретко, но може да се случи, што зависи од коската и организмот на пациентот.

Имплантирањето е една од најсигурните постапки во стоматологијата со успешност од 98%, а забните импланти со правилно одржување на орална хигиена може да траат цел живот.