Што е Ортодонција?
Ортодонција е гранка од забната медицина која се занимава со исправање на криви или неправилно наредени заби. Кога забите не се добро наредени или кога горната и долната вилица не се совпаѓаат правилно, ортодонтот може да постави апарат или друг вид на помагало кое со текот на времето ги движи забите во правилна позиција.
Најпознатото решение се металните апарати, но денес постојат и проѕирни алајнери кои се речиси невидливи и можат да се вадат при јадење и четкање. Изборот зависи од состојбата на забите и од желбите на пациентот.
Ортодонцијата не е само за деца, сè повеќе возрасни луѓе се одлучуваат да ги исправат забите. Покрај подобриот изглед, правилно наредените заби се и полесни за одржување и помалку склони кон кариес и проблеми со гингивата.
Читај Повеќе
На тема Ортодонција.
Како можеме да ви помогниме?
Доколку имате какви било стоматолошки проблеми или прашања, нашиот тим е тука за вас. Закажете термин денес и направете го првиот чекор кон здрава насмевка.
