Импланти

Импланти

Забен имплант е посебно изработена титаниумска завртка која со хируршка постапка се вградува во коската на горната/долната вилица.

Вградувањето на импланти денес е најмодерно решение за сите форми на беззабост ,од недостаток на еден заб до губење на сите заби.

Имплантот е изработен од титаниум, а тој е биокомпатибилен материјал кој телото го прифаќа како да е негово. Оваа особеност на имплантот му овозможува, потполно сраснување на коската, па се однесува како нејзин сопствен дел. После всадувањето, на имплантот се изработуваат разни протетски надоместоци кои служат како носачи за керамичка коронка, мост или протези. Коронката и мостот се трајни протетски изработки кои ја заменуваат забната коронка и се единствени што се гледаат во устата на крајот од терапијата.

Забниот имплант е идеално решение за:

Лица кои сакаат да ги надоместат изгубените заби или заб, а не сакаат да ги состружуваат соседните интактни заби.

Лица кои сакаат да ги надоместат изгубените заби или заб, а не сакаат да ги состружуваат соседните интактни заби.