Со текот на годините се развија разни техники во ортодонцијата, ние ја користиме најсовремената техника со самолигирачки брекети Damon. Таа овозможува за 30% побрза терапија и за 8 месеци од третманот осигурува 80%-тни резултат.
Предности на нашата техника се:
врвна естетика
најнова технологија
најкраток/најбрз можен третман
минимален број на контроли
без вадење на заби
безболна терапија
врвни резултати
подобрување на изгледот на цело лице.
После поставувањето на протезите прва контрола закажуваме после 10 недели , а останатите контроли на 8-12 недели.
Damon системот е повеќе од револуционерни жици и брекети, тој е потполно нов начин на третирање на пациентите. Традиционалната (класичната) терапија често бара вадење на здрави заби се со цел да се створи потребниот простор за сместување на забите, користење на палатинални експандери. Но тој начин е неугоден за пациентите, подолго трае и може да добиеме празен профил.
Damon ни овозможува добивање на природна, полна и широка насмевка, со користење на индивидуално одбрани брекети засебно за секој пациент.
Damon брекетите се дизајнирани да бидат подискретни, поудобни и полесни за чистење. Нема потреба од гумици кои привлекуваат и задржуваат забен камен, па така е многу полесно одржувањето на оралната хигиена во текот на терапијата.
За пациентите кои бараат безкомпромисна естетика достапни се и damon clеаr проѕирните брекети.