+ 389 47 609 558 или +389 70 395 184
Видови на интервенции
Во стоматолошката поликлиника Д-р Цивкароски континуирано Ви овозможуваме детални и навремени информации во и за текот на имплантирањето, со цел пациeнтот да биде максимално задоволен. Зависно од видот на имплантирање, секој пациент го припремаме за оперативната постапка во согласност со највисоките светски стандарди и тоа во посебно опремена ординација за орална хирургија, а постапката ја изведуваат врвни специјалисти по орална хирургија.
Со јасни објаснувања за постапката и нејзиното времетраење, сакаме пациентите да се чувствуваат вклучени во истата и сигурни.
Ако недостасува само еден заб во низот, вградувањето на имплант има предност во однос на мостот со кој истотака е можно да се санира недостаток на заб.
Основната преднсот при ова импантирање е во тоа што се работи за едноставна и потполна безболна постапка при која соседните заби не се состружуваат т.е. остануваат интактни.
Ако недостасуваат повеќе заби, имплантите служат како носачи на мост, со можност за комбинација со останатите заби на пациентот.
Во вакви случаеви се вградуваат 6-8 импланти кои служат како носачи на циркуларен мост.