Керамичките забни коронки се протетски надоместоци кои трајно се фиксираат на претходно истружени заби или забни импланти со цел реконструкција на изгубената функција и естетика на забите.
+ 389 47 609 558 или +389 70 395 184
Керамички Коронки
Керамичките забни коронки се протетски надоместоци кои трајно се фиксираат на претходно истружени заби или забни импланти со цел реконструкција на изгубената функција и естетика на забите.
Забната коронка се изработува во случаите кога забот е толку оштетен што не може да се направи пломба, или кога е премногу оштетен од кариозни лезии или ендодонтски лечења.
Забите кои имале претходно големи кариозни лезии или ендодонтски третираните заби после терапијата обично имаат големи оштетувања па најдобро е да се заштитат со коронки. Исто така коронките често се употребуваат од естетски причини за преобликување на забите кои се ротирани или инклинирани.
Со коронки може да се реши и обојувањето на забите, особено ендодонтски третираните заби кои со текот на времето потемнуваат, па со соодветно одбрани материјали и бои, вештиот техничар можи да го постигни посакуваниот ефект на природен заб.
Металкерамичките коронки се сеуште најчестиот избор на нашите пациенти заради нивната пристапна цена, одлична изработка и солидна естетика. Изработени се од метал на кој е надограден фин порцелан. Им недостига природна транслуценција, но вешт техничар можи да постигни задоволителна естетика со која забот тешко би се разликува од природниот. Најголем недостаток им е тоа што во случај на рецесија (повлекување) на гингивата постои можност за видливост на црниот метален раб. Исто така металот од коронката можи да предизвика пребојување на гингивата па таа изгледа сиво. Тоа обојување не можи да се отстрани ни со замена со целосно керамички коронки. Затоа во предната естеска зона препорачуваме изработка на целосно керамички (литиум дисиликатни или циркониа) коронки.
Целосно керамички коронки (литиум дисиликатни) се изработени од чиста керамика која се карактеризира со висока естетика како и природна транслуенција, па се способни потполно да го имитираат природниот заб. Потполно се биокомпатибилни и можностите за постигнување на бараната боја се неограничени. Изработката на вакви коронки бара комплексна лабараториска припрема и изработка, па ради тоа е нивната цена е повисока.
Циркониа керамичките коронки се изработени од висококвалитетна циркон база обложена со порцелан и претставуваат врв во квалитетот на изработка. Се карактеризираат со голема цврстина и биокомпатибилност, што им овозможува да бидат идеално решение за било која ситуација во вашата уста. Заради нивната цврстина можат да се употребуваат и во предната и во бочната регија. Овие коронки не содржат метал па не се нарушува биоестетиката дури и при рецесија на гингивата, т.е. кога коренот на забот ќе стани видлив.
Без разлика на карактеристиките на материјалот за изработка на коронките потребно и најважно пред се е детална анализа и консултација со специјалист по протетика за пронаоѓање на оптимално решение кое би било во согласност со ситуацијата во уста!!!
Предности на полнокерамичите коронки во однос на металкерамичките
Emax керамиката има 3 пати поголема цврстина од забната глеѓ, па стравот од пукање на полнокерамичките коронки е неоснован
Безметалните коронки во целост ги имитираат оптичките својства на природните заби. Својствата како што се транслуценција, опалесценција, транспаренција и флуоресценција, во целост се пренесуваат во керамиката што резултира со коронки кои не се разликуваат од природните заби.
Керамиката, за разлика од металот не предизвикува алергија и ткивото одлично ја поднесува, нема никакво пребојување на гингива и зачувана естетика дури и при гингвална рецесија.
Металот под влијание на плунката од усната шуплина, кородира и испушта метални јони кои ја пребојуваат гингивата. Оваа пребоеност не се одстранува дури ни со замена на металкерамички изработки со нови полнокерамички.
Недостатоци на полнокерамичките коронки во однос на металкерамичките
Изработката на полнокерамичките коронки е многу сложена, како за стоматологот така и за техничарот.
Заради самата сложеност на изработката, целосно керамичките коронки се финансиски позахтевни од металкерамичките.
Лошите навики, како ноќното шкрипење на забите (бруксизам) лошо влијае на керамиката.