Хигиената на забите за време на ортодонтската терапија мора да биде многу добра. Заради тоа што околу брекетите и лаците доага до поголема задршка на храна, потребно е забите да се четкаат со четка за заби, интердентална четка и забен конец после секој оброк, за да не дојде до појава на кариес.
Исто така потребни се редовни контроли кај стоматолог, за да се воочат евентуалните појави на кариес што е можно во порана фаза, како би се санирале што побрзо.