+ 389 47 609 558 или +389 70 395 184
Gummy smile
GUMMY SMILE – КОРЕКЦИЈА НА НАСМЕВКА
Ако вашите непца се премногу изложени (видливи) и естетиката на вашата насмевка е нарушена, ние сме во можност да го решиме тоа со неколку капки ботокс. „Gummy насмевка“ (гингивална насмевка) често постои како проблем кај пациентите и се карактеризира со видливост на значителен дел од непцата или забите од горната вилица.
1. Со аплицирање на неколку капки ботокс над аглите од устата на двете страни од ноздрите со еден мал убод и после неколку дена вашите усни нема да се креваат. Насмевката ќе биде значително поубава. Зафатот го работи доктор специјализиран за anti-ageing.
2. Понекогаш кај пациенти со gummy smile потребно е да се подигни гингивата над забите т.е. да се направи мало проширување на забите што ние го правиме со малку анестезија и електро-кастеризација или со ласер. После неколку дена нема да има никакви траги од процедурата.
3. Исто така постојат случаеви со gummy smile кога забите се многу кратки и мали и треба да се зголемат. Во овој случај користиме хируршки метод за подигнување на коронката на забот.
Корекцијата на Gummy smile е брза, безболна и резултатите се многу успешни. Поликлиника Д-р Цивкароски ги изведува трите горенаведени методи.
Зафатите за Gummy smile се изведуваат во нашата поликлиника од страна на стручни лица со долгогодишно искуство. Нашата цел е да се постигни убава и природна насмевка на задоволство на нашите пациенти.