+ 389 47 609 558 или +389 70 395 184
Hollywood smile
“Hollywood Smile” е насмевка на познатите ѕвезди, глумци и VIP личности кои се препознатливи секаде во светот по нешто слично – совршена насмевка и бели заби.
“Hollywood Smile” претставуваат бели, прaвилно распоредени и рамни заби, а за да се добие таква идентична насмевка треба да се придржува кон правилата во креирањето на ѕвездена насмевка.
идеален однос на должината и ширината на забите
идеален распоред и положба на забите
идеална и правилна поставеност, ориентација на забите
идеален однос на забите према усните и лицето
Hollywood Smile е естетска постапка со која се корегира обликот и бојата на забите во фронталната регија, а најчесто подразбира изработка на керамички фасетки (veneers) кои се популарни поради конзервативниот пристап.
Имено, потребно е минимално стружење на забите или кај поедини заби воопшто и не е потребно стружење.
Велат дека убавата насмевка ги отвора сите врати бидејќи тоа е она што прво го забележува вашиот соговорник. Затоа не е чудно што се повеќе луѓе се подложуваат на корективни и естетски процедури за подобрување на насмевката.
Ако сакате да имате насмевка како филмска везда, посетете ја нашата поликлиника, посоветувајте се со нашите специјалисти и остварете ги своите желби со нова блескава насмевка!