E max коронки во фронтална регија во горна вилица. Благодарение на вештите раце на техничарот добиена е максимална естетика со сите обележја на природни заби.
Комплетна реконструкција во горна и долна вилица со циркониумски коронки и мостови за природност и биокомпатибилност која само со целоснокерамичките изработки може да се добие.
Случај на изразена абразија (истрошеност) на забите успешно решен со металкерамички мостови во горна и долна вилица.
Металкерамички мостови во двете вилици со цел подобрување на естетиката - бојата и формата на забите, а и корекција на висината на загризот.
Комбинирана изработка на металекрамички мост и визилскелетирана протеза во горна вилица. Спојот меѓу нив воопшто незабележителен. Во долна вилица металкерамички мост.
Комплексен случај на проген загриз успешно решен со металкерамички мостови горе и долу со што е постигната нормооклузија и е вратена функцијата и естетиката повторно.
Комбинирана изработка на мост и визил скелетирана протеза во долна вилица, а горе металкерамички мостови.
Повеќе случаи можете да погледнете тука