Како што кажува и името, тоа се протези кои се фиксно прицврстени на забите во устата, и пациентот не може сам да ги извади. Постојат различни видови на фиксни протези, сите имаат свои предности недостатоци и нормално различни цени.
Поделбата може да биде на естетски (проѕирни) и неестетски (метални) брекети, но исто така и на класични (во чија техника се користат гумички во различни бои) и самолигирачки (без употреба на гумички) кои се најнови во ортодонцијата.
Во денешно време се се поголеми барањата на пациентите за естетика ,па така постојат протези чии брекети се изработени од материјал чија боја е во склад со бојата на забите па така во уста се дискретно видливи.