Невидлива ортодонција со помош на проѕирни исправувачи.
Од многуте ортодонтски направи и протези, во денешно време се истакнува терапијата со помош на проѕирни исправувачи која се повеке е барана од страна на пациентите. Исправувачите се комплетно проѕирни и тесно налегнуваат на забите со што даваат ефект на невидливи протези. Денес изработката на овие исправувачи е многу прецизна и без простор за грешка.
При првиот преглед на пациентот потребно е да се направи панорамикс снимка на забите, дентални фотографии кои се прават во ординација и потребно е да се земе отпечаток од двете вилици на пациентот за понатамошна изработка на модел.
Моделот се скенира со 3D скенер и со помош на компјутер се дигитализира моменталната состојба на забните низови.
Со посебен софтвер и компјутерска програма имаме можност прецизно да ги поместиме забите од моделот во посакуваниот правец и на крај изработуваме стереолитографски модел со идеална позиција на забите кој ни служи како крајна цел која сакаме да ја постигнеме.
Се изработуваат серија исправувачи кои полека и секој од нив за дел од mm со помош на благи сили ги поместува забите во посакуваната насока. Секоја од нив во себе носи посебна меморија за правецот и движењето на забите.
Со носење и менување на исправувачите по дадениот редослед се поместуваат забите,а пациентот носи невидлива протеза, удобна за носење и со можност да ја извади пред јадење, миење на забите и по потреба.