Сите полиња се задолжителни.

Затвори го прозорчето
`

Подолу се некои од хотелите во градот Битола.




Хотел ШИРОК СОКАК

Хотел Широк Сокак е сместен во срцето на градот Битола, во исклучително карактеристична и жива област во близина на најпознатата улица во Македонија „Широк Сокак“. При посетата на Нашиот хотел ќе ја почуствувате неговата интимната атмосфера во која ќе се чуствувате како во Вашиот дом. Секој детал е страсно избран и секоја соба заслужува да се посети. Посебниот шарм и атмосфера на Хотелот Широк Сокак ќе направи да се чуствувате прекрасно и исполнето.

www.hotelshiroksokak.mk



Хотел ПРЕМИЕР ЦЕНТАР

Хотел Премиер Центар е елегантно опремен објект лоциран во центарот на Битола. Овој хотел е идеален за оние кои посакуваат да се опуштат и го пошувствуваат духот на градот на конзулите – Битола. Хотел Премиер Центар е нов, модерен и атрактивен хотел дизајниран да ги задоволи сите барања на гостите, како и стандардите за хотелско сместување. Во рамките на хотелот се наоѓа и истоимениот ресторан познат по својата долга традиција на прекрасна кујна.

www.centar.premier.com.mk



Хотел ЕПИНАЛ

Опколен од најзначајните точки на интерес во Битола, хотелот е идеално лоциран на главната улица “Широк сокак”. Идеално место за воспоставување на рамнотежа на телото, умот и духот. Уживајте во неограниченото користење на целосно опремениот Фитнес центар кој содржи програми и машини за зајакнување на телото и кардиоваскуларна опрема. Опуштете го телото и смирете ги Вашите сетила со нашата Сауна и Парна бања кои ќе Ве подмладат.

www.hotelepinal.com



Хотел МИЛЕНИУМ

Хотел Милениум е лоциран на главната пешачка зона „Широк сокак“ во срцето на градот Битола. Во прекрасен амбиент истовремено ќе го почувствувате пулсот на урбаното живеење и спонтаноста на боемската класика. Хотел Милениум ќе Ве импресионира со својот совршено дизајниран ентериер, дизајниран само да ги послужи Вашите визуелно-естетски потреби и тој ќе Ви даде можност да видете што е вистинското значење на фразата – сервис на највисоко ниво.

www.milleniumpalace.com.mk



Хотел БЕЛА КУЌА

Хотел & Бистро Бар Бела Куќа се наоѓа во строгиот центар на градот на само 30 метри од Широк Сокак. Комбинација на елегантна класика и чисти едноставни линии и во кои се среќаваат класичното и модерното, воспоставен е и совршен однос меѓу удобното и функционалното. Хотелот е пуштен во употреба во 2012 година и целосно го отсликува бескрајниот шарм на амбиенталната битолска архитектура.




Хотел КАПРИ

Елегантно опремен хотел. Тој се наоѓа во подножјето на националниот парк Пелистер, на излезниот пат од градот Битола. Хотел Капри е идеално место за одмор и уживање во прекрасна атмосфера на чистиот планински воздух. Тој е нов, модерен и атрактивен хотел, дизајниран според содржината на сите бизнис стандарди и желби на нашите гости. Хотелот Капри е изграден во комплексот на ресторан Капри кој е добро познат по својата традиционално вкусна кујна.

www.kapri.com.mk



Хотел МОЛИКА

Хотел Молика претставува бисерот на Пелистер. Едно од ретките места каде што можете да станете едно со недопрената природа, да одморете од секојдневието и да уживате во беспрекорна услуга на хотелскиот персонал. Хотелот Молика е лоциран во областа на Националниот парк Пелистер, во месноста „Бегова чешма“, на надморска висина од 1420 метри, сместен во луксузот на прекрасната ендемска борова шума, наречена Молика. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети, специфичен со своето богатство на ретки видови на флора и фауна.

www.hotelmolika.com.mk