Сите полиња се задолжителни.

Затвори го прозорчето
Slider Loading
  • img01

    Високо специјализирана Стоматолошка

    Поликлиника Д-р Цивкароски
  • img02

    Нова насмевка

    за нов живот
  • img03

    Љубезни вработени

    за комфорно искуство
  • img04

    Модерно опремени

    ординации
  • img05
  • img06

    Омилено место за враќање

    на Вашата насмевка
  • img07

    Затоа што насмевката

    е секогаш во тренд
Добредојдовте



Добредојдовте на Веб сајтот на поликлиника Д-р Цивкароски, врвна модерна поликлиника која нуди услуги од сите области на стоматологијата.

Се надеваме дека ова ќе биде прв чекор во остварувањето на посебна и долготрајна соработка, бидејќи ние, Ви нудиме комплетна услуга, почитувајќи го вашето време, удобност и сигурност!

Кај нас ќе ве пречека тим на врвни специјалисти по протетика и ортодонција кои ја продолжуваат фамилијарната традиција на квалитет и искуство кое се пренесува од генерација на генерација, надополнето со пoсети на бројни конгреси и семинари.

Посебен акцент ставаме на тоа дека поликлиниката
Д-р Цивкароски има склучено договор со ФЗО за изработка на тотални и парцијални протези по фондовски цени,а од областа на ортодонција сме први во регионот кои успешно го применуваат Damon системот кој овозможува побрза терапија, со минимален број на контроли и без вадење на заби!

Се радуваме на Вашата посета, бидеќи знаеме дека ќе направиме ново пријателство и уште една убава насмевка !

Зошто Ние?

Запознајте не подобро

Преглед на галерија

Затоа што...

Ние се бориме за секој заб пред да одлучиме да го вадиме.

Ние не работиме масовна стоматологија туку стоматологија посветена вам, на секој детал на вашиот заб.

Затоа што за нас ни најкомплицираните протетски изработки , реконструкции на забите и ортодонциски аномалии не ни се проблем, туку предизвик.

Протетските изработки ги изработува исклучиво специјалист по протетика кој има големо искуство, а безметалните изработки за да изгледаат природно бараат огромно ускуство и знаење.

Kај нас ортодонцијата и хирургијата ја работат врвни специјалисти

Ги носиме од светот сите нови материјали и технологии кои се појавуваат на пазарот.

Се трудиме да постигнеме максимална естетика и природност, но и функција.

Во нашите цени се вклучени сите потребни услуги (преглед, анестезија, планирање, контроли, децементирање на стари протетски помагала и цементирање на нови) што во многу ординации се наплаќа плус

Запознајте ги нашите специјалисти
`

Д-р Сотир Цивкароски

Специјалист по стоматолошка протетика

Д-р Ана Цивкароска Питошка

Специјалист по стоматолошка протетика

Д-р Биљана Цивкароска Пановска

Специјалист по ортодонција

Д-р Љубица Цивкароска

Специјалист по ортодонција

Нашите пациенти за нас