Сите полиња се задолжителни.

Затвори го прозорчето
`


Денталниот туризам е еден од најбрзо растечките сектори во медицината. Со растот на медицински трошоци во САД, Австралија и Европа, многу пациенти откриваат бројни поволности со патувањето во странство, отколку да платат скапи стоматолошки третмани во нивната земја. Всушност, со оглед на тоа што пломбирањето може да чини 200-300 евра, во Македонија цената може да биде десеткратно пониска. Денталниот туризам овозможува безброј можности: заштеда при поскапи процедури како што се третман на каналите на коренот, протези или импланти и истовремено пријатен одмор. Доколку имате потреба од протези кои мораат постојано да се следат, вашиот престој треба да е од подолг временски период бидејќи истите треба да се прилагодуваат од страна на ортодонтот а се финансиски поисплатливи или десетструко поефтини од ист вид на третмани во странство. Истотака при големи процедури како на пример целосна реконструкција на устата, денталниот туризам во Македонија може да ви заштеди многу пари.



Не секогаш треба да се потроши милион за да имате насмевка на милионер.




Кај нас ќе ве пречека тим на врвни специјалисти по протетика и ортодонција кои ја продолжуваат фамилијарната традиција на квалитет и искуство кое се пренесува од генерација на генерација, надополнето со пoсети на бројни конгреси и семинари.


Фактот што цената е многу пониска во споредба со преостанати земји, Ние во Поликлиника Цивкароски ви гарантираме дека квалитетот и услугата кои што ќе ги добиете не се разликуваат, дури и се подобри од она што би го добиле во преостанати стоматолошки ординации. Тоа се должи на тоа што ние имаме исти стандарди на обука и користиме ист квалитет на материјали, но сме во состојба да обезбедиме повеќе грижа и нега на нашите клиенти, проследени со експертско искуство во областа на ортодонцијата и протетиката.



Секогаш постои опција на дентален третман со целосен комфорт.



Нашата ординација се темели на позитивни искуства изградени со доверба, третирајќи го секој еден пациент како посебна индивидуа. Стоматолошката терапија и нега е високо персонализирана медицинска услуга која се разликува од пациент до пациент со различни возрасти и навики, каде е потребна индивидуална проценка и дентална услуга со маскимален комфор.

Наша цел е да овозможиме третман за оние кои го ценат квалитетот кој што го нудиме и да изнајдеме побезболен и поефикасен третман за вашите потреби, истовремено да овозможиме и прифатливи и достапни цени како и начини на наплата.

Посетете ја Поликлиниката Цивкароски – Ние гарантираме квалитетни дентални услуги кои може да ги искомбинирате со туристички посети на многуте знаменитости и природни убавини на потесниот или поширокиот регион.




Се радуваме на Вашата посета, бидеќи знаеме дека ќе направиме ново пријателство и уште една убава насмевка!