Мостовите се трајни протетски надоместоци кои имаат цел пополнување на празниот простор меѓу забите,како и спречување на : дислоцирање на соседните заби, оштетување на темпоромандибуларниот зглоб или на потпорното ткиво на забот.
Мостот го сочинува низа споени коронки кои можат да бидат металкерамички, целосно керамички или од циркон керамика (види во керамички коронки).
Со изработка на мостови се постигнува рамнотежа во усната шуплина која е главен предуслов за оралното здравје.