Одма после постапката пациентот добива антибиотик, анелгетик, мраз а по потреба и лекови против воспаление, па е возможно нормално да функционира, а следниот ден е во состојба комплетно да ги извршува секојдневните обврски. Процесот на остеоинтеграција зависи од комплексноста на и видот на имплантирање, како и од состојбата на коската. Пациентот треба да ги следи инструкциите дадени од оралниот хирург во поглед на исхраната и оралната хигиена.