Поликлиниката Цивкароски е здравствена установа со повеќе ординации во кои секојдневно се работат некакви зафати од подрачјето на забната протетика, естетика и орална хирургија, пародонтологија.
Губењето на забите може да настане заради дентално пропаѓање или трауми. Протетиката е гранка на денталната медицина која се занимава со надоместување на изгубените заби, подобрување на нивната функција и здобивање со изглед на природни заби.
Големиот избор на решенија од протетиката во поликлиниката, на голем број пациенти им овозможува враќање на здравата и привлечна насмевка, која во денешно време претставува одлучувачки фактор во целокупниот изглед на лицето.
Во долгогодишното искуство и соодветната напредна технологија во ова модерно време со опремени ординации, ние им обезбедуваме на своите пациенти врвни решенија од протетиката.За различните можности на изработка, доверете се на нашиот стручен и искусен персонал кој ќе ви даде соодветни предлози.