Сите полиња се задолжителни.

Затвори го прозорчето

ALL-ON-4

ALL-ON-4

Конструкцијата на ALL – ON – 4 е посебен вид на тотална протеза која се прицврстува на импланти.

Се изработува кај тотална безабост или кога не е можно да се постигни задоволувачка стабилност кај тотална или парцијална протеза.

Во коската се вградуваат четири до шест забни импланти кои служат како носачи на протезата. Имплантите се во вид на мала навртка која се фиксира во коската, а надорешниот дел поседува елемент на кој се прицврстува протезата.

Со прицврстување на протезата врз имплантите се постигнува подобра стабилност, а со тоа дел од џвакопритисокот се пренесува рамномерно на коската.

Благодарејќи на ова решение се растеретува слузницата и пациентите можат да развијат поголеми сили при џвакање, т.е да џвакаат потврда храна а при тоа протезата да остане стабилна.