По завршувањето со фиксната ортодонтска терапија, пациентите добиваат ретејнер. Тоа е направа која пациентите ја добиваат после завршената терапија, а со цел забите да се задржат на својата нова положба. Носењето на ретејнерот е од голема важност, во спротивно постои можност забите да се вратат во положбата која ја имале пред почетокот на терапијата. Времето на носење на ретејнерот е индивидуално и се препорачува тоа да трае што е можно подолго. Ретејнерите може да бидат фиксни и мобилни. Фиксните ретејнери после терапијата се прицврстуваат од внатрешната страна на забите, а додека мобилните можат да се вадат од устата.