+ 389 47 609 558 или +389 70 395 184
Тотални протези
Тотални протези
Се изработуваат во случаите на беззабост.Во однос на парцијалните протези се со поедноставна конструкција, а се состојат од база на протезата на која се поставени забите.
Тоталните протези лежат директно на гингивата која ја покрива коската.
Базата на протезата е оној дел дел кој ја прекрива слузницата и се изработува од розов акрилат кој се вклопува со бојата на останатиот дел од слузницата во усната шуплина. Базата се изработува да биде што поголема бидеќи силите кои при џвакање се развиваат на вештачките заби во протезата мора да се пренесат преку базата на слузницата и коските. Слузницата не е во состојба да поднеси големи оптоварувањеа па е потребно силите при џвакање рамномерно да се распределат на што поголема површина што се постигнува со зголемување на базата на протезата.
Забната протеза треба најмалку еднаш дневно да се извади од устата и да се исчисти.Повеќето од пациентите ги вадат протезите пред спиење и ги ставаат во чаша вода или средство за чистење на протезата, а со тоа и го продолжуваат нејзиниот век на користење.