+ 389 47 609 558 или +389 70 395 184
Комбинираниот протетски надоместок
Комбиниран протетски надоместок
Комбинираниот протетски надоместок е комбинација на фиксен и мобилен надоместок со посебни врски-атечмени-анкери кои се наоѓаат на мостот и во протезата. Овие атечмени дејствуваат на принцип патрица и матрица кои влегуваат една во друга и го спречуваат движењето на протезата.
Ваквите изработки овозможуваат подобра естетика и функција на парцијалната протеза бидејќи протезата цврсто лежи во усната празнина и нема видливи кукици со кои би се држела за забите. Овие врски ја поскапуваат и продолжуваат изработката на протетската конструкција, но задоволството на пациентите гледано од естетски и функционален аспект ја резултираат нивната широка примена во современата протетика.